Актерката Кејт Бексејл моментално снима нов филм „Ќерката на затвореникот“ во Лас Вегас, но поради неподносливите болки во грбот, неизвесно е дали ќе продолжи да работи на овој проект.
Поради здравствени проблеми, Кејт одлучи да повика брза помош, а засега не е познато дали актерката е повредена на сетот или проблемот датира многу порано, пишува порталот „ТМЗ“.
Колегите од сетот се многу загрижени за Бекинсејл, и се надеваат дека лекарите ќе можат да ја намалат нејзината болка и непријатност со соодветна терапија.
