Свет

ОН формираа комисија против кршење на човековите права во Украина

ОН формираа комисија против кршење на човековите права во Украина

Советот за човекови права на ОН со големо мнозинство гласаше за отворање истрага на високо ниво за прекршувањата извршени по рускиот напад врз Украина.

32 члена на 47-члениот совет гласаа за покренување на највисока можна истрага за наводните прекршувања, со цел сторителите да се повикаат на одговорност.

Советот за човекови права на ОН ја усвои нацрт-резолуцијата за формирање независна истражна комисија која ќе ја осуди Русија и ќе ги истражи сите прекршувања на човековите права во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни