Свет

ОН повикуваат на помош за Етиопјаните евакуирани од Саудиска Арабија

ОН повикуваат на помош за Етиопјаните евакуирани од Саудиска Арабија

Меѓународната организација за миграција (ИОМ), поврзана со Обединетите нации (ОН), повика на помош за граѓаните на Етиопија евакуирани од Саудиска Арабија.

Во писменото соопштение на ИОМ се наведува дека се потребни 11 милиони долари за етиопските државјани, кои од вчера почнаа да се евакуираат од Саудиска Арабија.

Во соопштението е посочено дека меѓу Етиопјаните има жени и деца кои треба да се евакуираат, а е упатен и повик до меѓународната заедница за помош.

Нагласено е дека помошта ги покрива основните човечки потреби како храна, засолниште и медицински материјали.

Евакуациите започнаа

Од вчера Етиопија почна да ги евакуира своите 100.000 граѓани кои илегално влегле во Саудиска Арабија и биле држени во притворни центри.

Нерегуларните мигранти од Етиопија, кои дојдоа до израз поради нехуманите услови во центрите за притвор, претходно во конвои се преселија во Етиопија.

Секоја година, илјадници Етиопјани патуваат во Јемен преку Џибути на работа, а од таму во Саудиска Арабија.

Според податоците на етиопското Министерство за надворешни работи, повеќе од 750.000 Етиопјани живеат во Саудиска Арабија, од кои 450.000 се нерегистрирани.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни