Свет

ОН предупредуваат: Една четвртина од човештвото е погодена од екстремна суша

ОН предупредуваат: Една четвртина од човештвото е погодена од екстремна суша

1,84 милијарди луѓе – или четвртина од светската популација – ќе бидат погодени од екстремна суша во 2022 и 2023 година, според бројките на ОН.

Повеќето од вас ќе си кажат „има посериозни проблеми од ова“, но реалноста е малку поинаква и долгорочно – опасна, пишува Њујорк Тајмс.

Промените

Во Тунис, маслиновите градини страдаат и даваат сè помалку плодови. Бразилскиот Амазон е во најсушниот период во изминатиот век. Сирија и Ирак се борат да се справат со сушата што им се заканува на полињата со пченица, проблем што им се заканува на милиони луѓе со глад и конфликти.

Водата во Панамскиот канал е опасно ниска, а низ важниот бродски коридор можат да поминат сè помалку бродови.

Стравувањата од уште потешка суша ја поттикнаа Индија, најголемиот светски извозник на ориз, да го намали извозот на важната стока.„Сушата обично функционира во целосна тишина – никој не ја забележува или не се спротивставува додека не биде предоцна“, напиша Ибрахим Тиау, директор на агенцијата на ОН која ги објавува податоците за глобалната суша.

Сушата на многу места низ светот доаѓа во време на екстремно високи глобални температури, зголемување на цените на храната и руска инвазија на Украина, која исто така драстично се одрази на снабдувањето со храна во светот. Цената на оризот во 2023 година беше највисока од финансиската криза во 2008 година, покажуваат податоците на ОН.

Причините

Ненормалното и суво време во некои делови од светот се влошува поради согорувањето на фосилните горива и климатските промени. Во Сирија и Ирак, на пример, тригодишната суша тешко би била толку силна доколку не беше влијанието на глобалното затоплување, велат експертите.

Оризот е исклучително чувствителен на временските промени. Забраната за извоз на некои сорти од Индија е превентивна мерка – земјата одамна складира за секој случај.

Сушата во Централна Америка влијае не само на храната, туку и на миграцијата, насилството и економската несигурност за милиони луѓе.

Амазонската џунгла, за која сите знаеме дека е дел од белите дробови на нашата планета, исто така страда од суша. Сè повеќе дрвја умираат поради недостиг на вода или поради пожарите што избувнаа.

Појавата на феноменот „Ил Нињо“ во изминатата година дополнително ја влоши ситуацијата. Во последната појава на топла струја помеѓу 2014 и 2016 година, производството на ориз драстично падна и донесе глад кај милиони луѓе.

Глад

Најопасен е недостатокот на храна. Рекордните нивоа на глад ширум светот се комбинација од многу фактори – глобалната пандемија на коронавирус, војните во Украина и Газа и многу други. Рекордни 258 милиони луѓе се изложени на ризик од „тешка глад“, покажуваат бројките на ОН.

И тоа само ќе се влоши, при што се проценува дека Ел Нињо ќе влијае на најмалку една четвртина од глобалното производство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни