ОН ќе покренат официјална истрага за воените злосторства во Украина. Ова го одлучи Советот за човекови права на Светската организација.
Резолуцијата беше изгласана со големо мнозинство, со само 2 земји против – Кина и Еритреја.
И денеска властите во Киев најавија нови цивилни жртви по руското бомбардирање.
Повторно била нападната и рафинеријата во градот Кременчук.
Наспроти ова, ОН соопштија дека за прв пат од почетокот на војната, бројот на бегалци надмина 6 милиони.
Речиси 5 милиони од нив побарале засолниште на Запад, а останатите во Русија.