На тркалезна маса иницирана од ДИК, се дебатираше за можноста за воведување на нови технологии во изборните процеси. Првиот чекор за реализација на ваков проект беше информирањето околу новите технологии. Експертите од оваа област презентираа програми кои се употребуваат во неки држави во светот.
Џабир Дерала вели дека ова е само сон. Според него, прво треба да се види реалноста, а потоа да се планира нешто, додавајќи дека ваквите системи се многу комплицирани за Македонија. Дерала исто така рече дека Македонија нема технолошка поддршка за апликација на овие методи за вакво гласање, и дека во нашата земја многу лесно може да се манипулира со резултатите преку кибер криминалот.
“Сите сме многу поврзани во однос на новостите од технологијата во овој домен. Но доколку ја погледнеме Македонија, и ако сакате да аплицирате на пример за извод од матична книга на родени, ќе видите како изгледа веб страната. Ќе видите дека има многу проблеми, и дека воопшто не е безбедно, и дека ова е индикатор дека Македонија се уште не стигнала до основните нивоа на безбедност и квалитет во однос на технолошките новости“, изјави Џабир Дерала – ЦИВИЛ.
Целта на оваа тркалезна маса е да се дискутира меѓу релевантните страни за можноста и потребата за презентирање и употреба на новите информатички технологии во изборните процеси.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ
