TikTok шири нов тренд во кој корисниците на социјалните мрежи тврдат дека нанесувањето пиво на кожата резултира со најдобар тен.
Сепак, експертите го предупредија британскиот „The Sun“ за овој сомнителен метод, дефинирајќи го како многу опасен. Како што објаснуваат, пивото не изложува на ризик од топлотен удар и рак на кожата.
„Ова е уште еден тренд со сериозни последици. Оштетувањето од сонцето е неповратно и е причина за до 90 проценти од најчестите видови на рак во Обединетото Кралство. Луѓето се изложени на сериозен ризик да развијат сите видови на рак на кожата, а изгорениците на кожата се тесно поврзани со развојот на меланом“, вели Катрин Клифорд, ко-основач на добротворната организација за подигање на свеста за ракот на кожата.
Со неа се согласуваат и други експерти.
„Нанесувањето пиво на кожата и потоа изложувањето на сонце без претходна заштита во голема мера го зголемува ризикот од изгореници, топлотен удар и предвремено стареење. Без заштитен фактор, потребни се само 10 минути на сонце за да изгори. Со текот на времето, ова претставува ризик од рак на кожата, а во 70 отсто од случаите предизвикува оштетување на сонцето“, додава д-р Стефано Пиетрини, пренесува Index.hr.