Свет

ОПАСНОСТ ОД РАДИЈАЦИЈА? Гори институт во Харков во кој се наоѓаат експериментални нуклеарни реактори (ВИДЕО)

ОПАСНОСТ ОД РАДИЈАЦИЈА? Гори институт во Харков во кој се наоѓаат експериментални нуклеарни реактори (ВИДЕО)

Според непотврдени информации од социјалните мрежи, има голем пожар во  Институтот за физика и технологија во Харков.

Во овој институт се наоѓа експериментален нуклеарен реактор кој се користи за научни цели.

По наредба на украинската влада, на Твитер беше објавено: „Во Харков, очевидци пријавија пожар во зградата на Харковскиот институт за физика и технологија.

„Објектот содржи опрема која доколку се оштети може да доведе до радиоактивна контаминација на животната средина.“

Според украинските медиуми, пожарот избувнал откако во градот околу 20 часот и 20 минути се огласиле сирените за воздушниот напад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни