Опожарениот автобус користел Извод од лиценца од друг автобус на „Беса-транс“

Компанијата поседувала  2 лиценци за надворешно и внатрешно сообраќање. Првата ја одземавме, а втората е истечена односно исто така неважечка. Овие лиценци се однесуваат на правното лице „Беса-транс“ како фирма, а не на превозното средство.  Во однос на изводите од лиценци во меѓународниот сообраќај, „Беса-транс“ поседувал изводи од лиценци за 4 автобуси. Опожарениот автобус кој учестуваше во сообраќајната несреќа не е пријавен од сопственикот во електронската база на министерството за транспорт и врски. За превозот на патници користел неважечлки извод кој се однесувал на друг автобус, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Превозникот е должен најдоцна 15 дена да го извести органот за секоја настаната промена, превозникот ниту го пријавил ниту побарал извод од Министерството за транспорт и врски за опожарениот автобус и затоа не е евидентиран. Изводот од лиценца кој бил користен од опожарениот автобус е лиценца од друго возило во сопственост на „Беса Транс“. Ова јасно упатува дека превозникот вршел злоупотреба на лиценца од друго возило и со тоа свесно ги прекшувал правилата. Одземена е лиценцата за превоз на „Беса-транс“, вели Бочварски.

Тој вели дека Министерството за транспорт и врски само административно ги издава лиценците по барање на превозниците и дека не е одговорноста кај него ниту кај било кој од министерството.

„Секој кој сака да врши транспорт треба да се обрати и да достави одредена документација. Секој кој не ги почитувал одредбите од законите треба да си сноси одговорност. Министерството за транспорт и врски нема прекршено ниту еден закон“, додаде Бочварски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното