Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на прес конференција во Собранието соопшти дека поднесена е иницијатива за гласање недоверба на Владата.
„Во овој момент во Собранието на РСМ се поднесува иницијатива која што треба да ја разгледа Собранието за доверба на Владата. Би сакал накратко да го прочитам образложението.Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив, владее со услови и пазарење, а на сметка на најважните прашања за народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и своите граѓани, тие за секој одминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, инфлација, и афери кои се мултиплицираат на дневна основа.Владата предвоена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде и од резултатот на локалните избори, кои всушност беа референдумско изјаснување протв сегашната влада и нејзините политики“ рече Александар Николовски на прес конференција.