ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта го злоупотребува европско знаменце и бара законите, за кои, како што велат нема никакво усогласување со европската регулатива да одат по редовна процедура.
На денешната седница на Комисијата за политички систем се случи кавга меѓу власта и опозицијата.
„Со предлог законот не се предвидени податоци за изворните акти на Европската унија во полн назив, број, датум, ниту пак е наведен правниот акт на Европската унија со кој е извршено усогласување. За оваа злоупотреба на СДСМ ќе ги информираме и ОБСЕ и Европската комисија и Американската амбасада и Француската амбасада кои што се финансиери на оваа Академија и се косат со нивните заложби за реформи во правосудниот систем“.
вели Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Собранието од Владата се доставени 46 закони кои имаат европско знаменце, од кои само денеска биле доставени 12 предлог закони. Работата на законодавниот дом ја следи Светлана Унковска.