Над 80 легла, амбулантни возила, респиратори и друга медицинска опрема за кичевската болница донираше Хуманитарната организација „Класје на добрината“.
Оваа опрема достигнува вредност од 115 илјади евра. Истата е поставена во Одделот за педијатрија и на Интерното одделение кои се најпосетени во оваа болница.
Претседателот на организацијата, Руфат Шерифи вели дека забележале дека кичевската болница има потреба од опрема, легла и амбулантни возила.
„Реализираме нов проект на хуманитарната организација “Класје на добрината“ која успеа да обезбеди донација вредна 7 милиони денари или 115 илјади евра, донација која содржи медицинска опрема во служба на здравствените установи тука“, вели Руфат Шерифи.
Директорот на болницата, Станко Трпески вели дека овие средства биле потребни и дека сега истите им се на услуга на граѓаните на Кичево.
Исламската фондација Релиеф Швајцарија собрала материјални средства од нашите печалбари за купување на опремата, а се имплементирани од Исламската фондација Релиеф Албанија во соработка со хуманитарната организација “Класје на добрината“.
.
