На домашно лекување ќе бидат испратени 14 патници, кои рано утрово поминаа со лесни повреди. Од Општина Лесковац потврдуваат дека ќе обезбедат превоз до Македонија за сите патници кои се пуштени на домашно лекување.
Останатите пациенти кои се пренесени во Ниш се наоѓаат во одделот за анестезија и интензивна нега и имаат тешки телесни повредни.
Патниците за српските медиуми велат дека повеќето од нив спиеле за време на несреќата и не знаат што точно се случило.
Според информации на ТВ21, автобусот од Прилеп па Битола тргнал за Виена, во него имало двајца возачи.
Во Лесковац синоќа имао обилни врнежи од дожд и снег, кои подоцна преминале во замрзнат дожд.
Според информации од полицијата, несреќата се случила во 1 часот и 45 минути после полноќ. Од загинатите три лица, за сега идентификувана е само една жртва која била на возраст од 68 години.
Министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник од Амбасадата на Македонија во Белград ќе ги посетат повредените во несреќата што се случи ноќеска кај Лесковац кога автобус на струшки Еуро бус излета од патот.
