Општина Тетово ги известува сите граѓани дека од 15.06.2022 година (среда), дворовите на основните училишта “Истикбал“, “Лирија“ и Гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во двете згради, ќе бидат отворени за паркирање на возила. Паркирањето ќе биде бесплатно. Ова ќе го намали сообраќајниот метеж во текот на летото, кога вообичаено нашите иселеници доаѓаат на одмор и имаме поголема фрекфентност низ улиците.
Сакаме да апелираме и до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ги блокираат постојките за градскиот превоз, исто така и да го користат истиот за да се намали загадувањето на воздухот и да не се предизвикува сообраќаен хаос;