Општината Ѓорче Петров ги изрече првите мандатни казни за лица што со палање гуми и пластика го загадувале воздухот.
„Инспекторите детектираа двајца што палеле гуми и пластика и истите тие се казнети со по 50 евра. Инспекторите изрекоа и една казна во делот на депонирање на отпад покрај контејнери во висина од 50 евра, како и една казна за продавање земјоделски производи на јавна површина. Паралелно се работи на лоцирање на хаварисани возила, a опоменати се сопствениците на 34 возила. По истекот на законскиот рок, доколку тие самите не ги отстранат, возилата ќе бидат отстранети на нивна сметка“ соопштуваат од општината.
Се вчитува...
