И покрај тоа што украинската влада ги застапува анти-унгарските ставови, сепак, Унгарија ја поддржува Украина во спорот со Русија, порача премиерот Виктор Орбан за време на посетата на Прага.
„Ставот на Унгарија е потполно јасен. Ние сме про-украинска влада, и затоа застануваме на страната на Украина“, изјави Орбан.
Орбан напомена дека во Унгарија постои проукраинска Влада, додека владата во Украина е анти-унгарски ориентирана.
„И покрај тоа, ние не го менуваме ставот, и ја поддржуваме Украина“, порача премиерот на Унгарија.
Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за инцидентот кој се случи во Керчкиот мореуз, во која три украински бродови се запленети, додека нивните членови уапсени под обвинувања дека ги повредиле границите на Русија.
