Граѓани, компании и институции наплатија 550 милиони денари (9 мил.евра) за штети покриени со неживотно осигурување во ноември годинава. Во споредба со октомври вредноста на исплатените штети покриени со неживотни осигурувања е зголемена за 45 отсто, покажува споредбата на прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите компании за осигурување.
Осигурителните компании исплатиле 132,3 милиони денари (2,15 мил.евра), а исплатени се вкупно 710 штети. Најголемата меѓу нив е со вредност од 56 милиони денари (900.000 евра) која една осигурителна компанија ја исплатила како обесштетување за настанат пожар во објект на компанија.
За возила со каско осигурување осигурителните компании во ноември исплатиле 790 штети во вкупна вредност од 72,3 милиони денари (1,17 мил.евра). Тоа е за 28 отсто повеќе исплатени средства за штети во таа класа осигурување во споредба со истиот месец лани. Најголем број штети осигурителните друштва исплатиле по основ за приватно здравствено осигурување.
