Американката Елизабет (49), мајка на две деца и популарна ТикТок креаторка која објавува под профилот @glengirlxo, го сподели своето искуство со естетска операција во Мексико и привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Откако ослабела дури 36 килограми, таа решила да направи фејслифтинг бидејќи чувствувала дека нејзиниот изглед повеќе не соодветствува со тоа како се чувствува одвнатре. Целиот процес, од одлуката до закрепнувањето, таа детално го документираше на својот профил.
Во едно од своите видеа, Елизабет искрено објасни што ја поттикнало на овој чекор:
„Моето лице најмногу настрада по слабеењето. Буквално изгледаше како да се топи и ми беше неверојатно тешко секој пат кога ќе поминев покрај огледало. Гледав една стара, исцрпена и уморна жена која не се совпаѓаше со моето внатрешно чувство и со енергијата што ја имам. Тоа едноставно многу ме мачеше“, раскажува таа.
По неколкумесечно истражување, таа направила потесен избор од шест хирурзи — тројца во САД и тројца во Мексико. По разговорите со сите нив, се одлучила за д-р Валдез, чија клиника се наоѓа во Канкун.
Елизабет откри и кои точни зафати ги направила на своето лице:
„Направив длабински фејслифтинг на лицето, вратот и слепоочниците, во комбинација со пресадување масно ткиво под очите и во образите. Не можам да бидам посреќна со резултатите. Сакав многу природен изглед, по кој е познат д-р Валдез, и мислам дека тоа одлично го постигна. Ме подмлади за 20 години, не ми се верува!“ вели таа. Многумина во коментарите се согласија со неа, пишувајќи дека едвај препознаваат дека станува збор за истата личност.
Таа истакнува дека промената позитивно влијаела и на нејзината самодоверба, спротивно на вообичаените тврдења:
„Постојано слушав дека естетските операција нема да ви ја променат самодовербата, нема да ви го подобрат животот и дека нема да бидете поинаква личност. Но, јас сега се чувствувам многу подобро. Самодовербата ми е многу поголема. Се чувствувам како да си ги вратив животот, лицето и сопствениот идентитет.“
Колку чини ваков зафат во Мексико?
Бидејќи едно од најчестите прашања во коментарите било поврзано со парите, Елизабет јавно го објави деталниот список на трошоци.
| Услуга | Што е вклучено во цената? |
| Вкупна цена: 9.500 долари (околу 8.320 евра) | Длабински фејслифтинг на лице, врат и слепоочници со пресадување масно ткиво. |
| Болнички престој | Ноќевање во болница во приватна соба со лична медицинска сестра. |
| Медицински прегледи | Сите прегледи кај кардиолог, ЕКГ, анализи на крв и сите консултации пред и по операцијата. |
| Логистика и лекови | Сите потребни лекови, услуги од медицинска сестра во хотелот и комплетен транспорт од/до аеродромот и клиниката. |
Корисниците на социјалните мрежи ја пофалија Елизабет за нејзината искреност и отвореност да зборува за цената и за целиот процес без табуа. Нејзината приказна поттикна бројни дебати на ТикТок за естетските зафати, реалните очекувања и причините поради кои луѓето се одлучуваат да легнат под нож.
@glengirlxo ♬ original sound – Glengirl