Османи: ДУИ би имале подобри резултати ако има избори, но сега фокусот е кон НАТО и ЕУ

На денешната прес-конференција, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи одговори дека ДУИ како партија би имала многу подобри резултати ако има избори, во споредба со 2016 година, но посочи дека сепак дека политиката сега треба да биде насочена кон заокружување на прашањето за НАТО и Европската Унија и целиот фокус да биде кон членството.

„Денеска исто така за партиските интереси ДУИ, два пати подобри резултати ќе има ако има избори утре, за разлика од 2016. Но сепа прашањето за НАТО и ЕУ треба да се заочружи. Сметам дека сега целата политичка енергија треба да се фокусира на членството во НАТО и ЕУ и на имплементација 2019 да биде година на економијата.“, изјави вицепремиерот Бујар Османи.

Извор: ТВ21