Вицепремиерот Бујар Османи и прв човек на централниот кризен штаб во „Click Plus“ на ТВ21 вели дека тоа што Владата не го направи е тоа што не ги покани граѓаните што повеќе да ги споделуваат своите искуства со Ковид-19.
Осман и претходно преку социјаните мрежи упати порака во која повика на одговорност и споделување на личните приказни, бидејќи така најдобро може да се долови вистинската слика за вирусот.
„Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%. Не биди причина за смртта на најблиските“, напиша Османи на Фејсбук.
.