Македонија

Османи: Испитуваме кој стои позади македонскиот клуб во Благоевград, да видиме дали е добронамерен или тоа е нечија агенда (ВИДЕО)

Османи: Испитуваме кој стои позади македонскиот клуб во Благоевград, да видиме дали е добронамерен или тоа е нечија агенда (ВИДЕО)

МНР и Бујар Османи проверуваат кој стои позади македонскиот клутурен центар во Благоаевград кој треба да се отвори в недела. Тој во интервју за бугарската БТВ вели дека се проверуваат и клубовите во Македонија.

„Слушнав за тоа, се уште испитувам кој стои позади тоа, така што треба да се види и тука кој стои позади клубовите тука кои се отвораат, без да се внимава на сензитивноста на одредени прашања, без да се обидат тие клубови да бидат во функција на бугарската заедница, кој стои позади клубот на македонска заедница во Бугарија за да видиме дали навистина се добронамерни од двете страни или тоа е нечија агенда“, изјави во специјално интервју за бугарската БТВ министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што може да се прочита во поканата за отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, тој е основан со финансиска помош на „нашите пријатели од Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонско меѓународно здружение за човекови права во Канада“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни