Османи – Линхарт: Реафирмирана силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска му беше домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаeл Линхарт.

Целта на посетата беше да се реафирмира силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја и во тој контекст министрите разменија мислења за перспективите за нашето европско досие, а воедно стана збор и за внатрешно политички актуелности во Северна Македонија.

„Во Република Северна Македонија и во нашето европско досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион бидејќи по редот на нештата оттука треба да отпочне деблокадата, преку почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова ќе ги охрабри и другите држави од регионот, да ги затворат отворените прашања, а со интенција целиот регион да се движи во европски правец“, истакна Османи.

Посетата на министерот Линхарт имаше и силна економска компонента со оглед на фактот дека беше придружуван и од економска и бизнис делегација. Австрија преставува еден од најголемите инвеститори во земјава, а географската близина, комплементарноста на двете економии, но пред сѐ одличните политички односи создаваат потенција за уште поинтензивна економска соработка. За време на посетата беше одржан и бизнис настан со цел натамошно унапредување на трговската соработка и искористување на инвестициските можности и презентација на програмата „Re Focus Austria“, која има за цел промоција на австриските компании во повеќе области, особено во областа на обновлива енергија, дигитална економија и инфраструктура.

Министрите, воедно дискутираа и за претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година и можностите за идна соработка, во овој контекст. Солидарниот пристап во сузбивањето на Пандемијата, илегалната миграција и други прашања од меѓународен карактер беа дополнителни теми на разговор на средбата.

Поврзани вести

Османи: Мнозинство има, очекуваме дополнително да се зголеми

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција потврди дека има мнозинство. Тој додава дека се очекува ова мнозинство дополнително да се зголеми. „Мнозинство...

Османи: Оформен кризен штаб за несреќата, отворен е и телефонски број за семејствата на загинатите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека МНР оформило кризен штаб во врска со несреќата во Бугарија во која при експлозија на автобус на Беса-транс загинаа 46 државјани на С. Македонија,...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...