Свет
18,410,195
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
21,519
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
1,699
Вкупно починати
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21
Македонија
37,505
Вкупно оздравени
Updated on 29/11/2020 15:21 15:21

Османи на видео средба со Линкевичиус – Македонија треба да ги почне преговорите без никакво одложување

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес оствари видео средба со неговиот колега од Република Литванија, министерот Линас Линкевичиус.

Видео средбата е дел од серијата средби што Османи во текот на изминатиот период ги остварува со своите хомолози кои доаѓаат од земјите-членки на Европската Унија, сѐ со цел, да се пренесе пораката за првиот приоритет на Република Северна Македонија – усвојувањето на Преговарачка рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција на земјата со ЕУ до крајот на годината под претседателството на СР Германија.

loading...

„Ја цениме принципиелната позиција на Литванија за поддршка на европскиот пат на Северна Македонија, а особено сме благодарни што го препознавате нашиот напор, со добра волја и низ дијалог да ги надминуваме сите отворени прашања до затворањето на преговарачката рамка и до одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, истакна Османи.

Министрите разменија мислења и за добрососедските односи и за состојбите во Регионот.

„Остануваме посветена на негување на добрососедските односи со континуирана имплементација на Договорите со Грција и Бугари, затоа што преку нив создадовме нова енергија и придонесовме за обновување на интензитетот за проширување на ЕУ со земјите од Регионот“, подвлече Османи.

Министерот Линкевичиус укажа на безрезервниот и одлучен став на Литванија за продолжување со континуираната и видлива поддршка на нашата европска интеграција, пренесе дека Литванија останува отворена за споделување на искуства во сите области во Европската унија и во преговарачкиот процес за кои нашата страна ќе покаже интерес.

 Во разговорот беа разгледани можностите за продлабочување на соработката на билатерален план, подготвеност за нови твининг проекти, соработка со Литванскиот институт за јавна администрација, економската дипломатија, кризен менаџмент и друга експертска помош.

.

Извор: ТВ21

НАШ ПРЕДЛОГ

МЗ: Не постои наредба за забрана за видеоснимање и фотографирање

По реакциите во јавноста и нападите кон дел од новинарите од обезбедувањето на болницата „8-ми септември“ со соопштение се јавија од Министерството...

ВИДЕО: Нема да верувате колку мачките може да бидат луди

Мачките се познати како интелигентни и подвижни животни. И тие главно се. Но, како и сите нас, и овие...

Во Кавадарци вечерва ЕНОРМНО загаден воздух

Според мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва Кавадарци дише енормно загаден воздух, односно измерени се...
Skopje
few clouds
8 ° C
8 °
8 °
52 %
0.5kmh
20 %
Sun
8 °
Mon
6 °
Tue
4 °
Wed
7 °
Thu
9 °