Министерот за надворешни работи Бујар Османи очекува најавената посета на новиот бугарски премиер Кирил Петков да се реализира уште во месец јануари.
„Прво треба да се формира Владата овде кај нас, некаде во средината на јануари, и тогаш можеби за прв пат по осум месеци ќе имаме две политички Влади во двете држави кои што имаат спор – Република Бугарија и кај нас. Самото тоа по себе дава подобра можност за суштински разговори и надминување на разликите. Така да очекувам, најавената посета на Петков да се реализира уште во месец јануари и тоа ќе утврди една динамика, предвидливост за наредниот период“, порача Османи.
Тој вели дека и во наредната година ќе бидат фокусирани на спорот со цел надминување на разликите и започнување на преговорите.