Османи: Oчекувам јасна и позитивна одлука – надеж за оптимистички расплет пред утрешниот самит на ЕУ

Надеж за оптимистички расплет за европската иднина и почеток на преговорите со Европската унија беше искажана од голем број говорници на седницата на Советот за евроинтеграции. Вицепремиерот Бујар Османи рече дека  очекувањата од деновите што следат се големи и дека ова се историски мигови за Северна Македонија. Очекувам  јасна одлука за почеток на преговорите, рече Османи бидејќи, како што додаде и американскиот Стејт департмент оцени дека тоа што го направи нашата земја треба да се земе како редок пример а не да се игнорира од Европската унија.

Со различно гледање настапи претседателот на Советот за евроинтеграции Никола Попоски кој рече дека дебата околу датум за преговори е само изборна реторика, но притоа  додаде дека преговори ќе има но по некоја друга методологија, а членството ќе биде многу долг процес.

Заменичката на Советот Ивана Туфегџиќ истакна дека уште едно одложување на датумот ќе биде рушење на кредибилитетот на Европската унија. Ние направивме тешки чекори и сериозни жртви и не може да се каже дека  се работи за за подарок туку дека си ја одработевме задачата, истакна таа. На денешната седница покрај членовите на Советот присуствуваа и амбасадори на земјите членки на Европската унија.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното