Македонија

Османи: Околу 2.000 граѓани немаат државјанство, од нив 1.300 се Албанци

Министерот за внатрешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата рече дека според информациите што ги има, околу 2.000 граѓани немаат државјанство, додека од нив 1.300 се Албанци, а останатите припаѓаат на други етнички заедници.

„На прво место, важно е да се дефинира проблемот, бидејќи се шпекулираше за 70 000, 40 000, 50 000 за да се добијат политички поени, а не да се реши судбината на граѓаните“, рече Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи истакна дека станува збор за 1.300 нерешени апликации од различни причини како што се бирократски процедури и погрешно толкување на законите.

„Не се малку 1.300 граѓани кои немаат можност да имаат документи, додека тие живеат тука и не можат да ги реализираат основните права што ги имаат како граѓани“, рече Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни