На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Рига, средба со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел:- во пресрет на декемвриските состаноци на ЕУ, Северна Македонија останува искрено посветена на надминување на разликите со Бугарија и консолидација на нашата евро-интегративна агенда, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните мрежи.
„Исчекорот со почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, ќе значи силна порака до регионот, неговата европска перспектива, но и порака за кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ“, вели Османи.