Осомничените за свирепото убиство во Добој изведени пред обвинител

А.К и Д.Л., со силни полициски мерки, вечерва се приведени во Окружното јавно обвинителство Добој каде ќе бидат сослушани.

Двајцата се осомничени за бруталното убиство на Добојлија С.К., татко на четири деца, јавува Независне новине од БиХ.

Се вчитува...

Осомничените за свирепото убиство се предадени во надлежност на Окружното јавно обвинителство Добој, потврдија од „Независни“.

Жената е осомничена дека со нож го убила Кулишиќ и дека бруталното злосторство го извршила со нејзиниот љубовник Дражен Лазаревиќ.

Делото е класифицирано како тешко убиство, а според Кривичниот законик на Република Српска за тоа дело е предвидена затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор.

Инаку, по пријавеното исчезнување на жртвата, полицијата дознала дека осомничените љубовници го планирале убиството и, како што се сомневаат, го дрогирале Кулишиќ. Го онесвестиле мажот во сред ноќ, го ставиле во автомобил и го однеле во шумата каде го врзале.

Се сомневаат дека заедно го однеле во шума, а токму жената со нож го убила својот сопруг. После тоа, таа и нејзиниот љубовник отишле во изнајмен стан во Бања Лука.

Мажот е уапсен во Добој, а жената во Бањ Лука.