Остануваме без макарони и шпагети?

Љубителите на италијанските тестенини можеби ќе треба да копаат подлабоко во нивните џебови за да ја добијат омилената храна.

Имено, производителите не можат да сметаат на канадската тврда пченица, а жетвата во Италија била слаба, пишува Ројтерс.

Канада обично зазема околу две третини од глобалната трговија со тврда пченица, а жетвата оваа година треба да биде за половина послаба од 2020 година поради екстремните горештини и сушата, пренесува Tportal.

Поради слабата канадска жетва, цените на тврдата пченица веќе се искачија на највисокото ниво во последните 13 години, поттикнувајќи ги стравувањата од нагло зголемување на цените на храната за време на периодот на опоравување од ковида 19.

Преполовеното канадско производство се совпадна со падот на залихите на тврда пченица во светот на најниско ниво во последните шест години, делумно поради тоа што луѓето складираа тестенини за време на заклучувањето.

Италијанските производители на тестенини најчесто задоволуваат најголем дел од потребите за тврда пченица на домашниот пазар, но прогнозата за жетвата неодамна е намалена, па тие ќе бидат принудени да влезат во виорот на меѓународните пазари.

Послаба жетва во Италија

Жетвата на тврда пченица во Италија оваа година се очекуваше да ја надмине таа од 2020 година, но Европската комисија ја намали проценката за производство во октомври од 4,3 на 3,7 милиони тони, па производителите на тестенини почнаа да стравуваат за залихите во првата половина на следната година.

„Ќе биде подраматично отколку што е сега бидејќи во моментов се уште можеме да набавиме домашна пченица. Состојбата со тврдата пченица е многу сериозна“, изјави извршниот директор на брендот за тестенини Дивела, Винченцо Дивела.

Некои компании се изложени на ризик од недостиг на клучни суровини откако ќе се исцрпат домашните залихи на пченица и би можеле да бидат принудени да го прекинат производството во наредните месеци, предупреди аналитичарот на Strategy Grains, Северин Омне-Мејсон.

„Што се однесува до цените и недоволната понуда на тврда пченица, најлошото можеби допрва доаѓа“, посочи таа.

Откупувачите најдоа замена за канадската пченица, па оваа сезона Австралија се проби на второто место како снабдувач на дурум во Европската унија, а Мексико ја исполни големата побарувачка за увоз со пратки од Алжир.

Турција ги менува прописите

Турција, главен извозник на тестенини, одговори на кризата во снабдувањето со тврда пченица со регулатива која го зголеми максималниот удел на обичната пченица во тестенините за извоз од 30 на 100 проценти.

Намалената побарувачка од Турција и Северна Африка ќе биде главната причина за падот од 6 отсто на глобалната потрошувачка на тврдата пченица во производството на храна во сезоната 2021/2022 година, предвидува Strategies Grains.

Меѓународниот совет за житарки предвидува дека глобалната побарувачка за тврда пченица ќе падне на најниско ниво во последните 19 години, но залихите ќе паднат на најниско ниво во последните 14 години до следното лето, што би значело дека понудата речиси ќе се изедначи со побарувачката пред следната жетва.

Каде е крајот на поскапувањата?

Иако некои производители на тестенини значително ги зголемија цените, префрлајќи дел од трошоците на крајните потрошувачи, тоа веројатно нема да влијае на побарувачката во богатите европски земји, каде што тврдата пченица е пропишаната суровина за овој прехранбен производ.

Домаќинствата дефинитивно ќе почувствуваат поскапување. Компанијата за анализа на податоци Нилсен изјави дека цените на евтините брендови на тестенини во супермаркетите во Франција во октомври се зголемиле за речиси една петтина во однос на минатата година, а тоа можеби е само најава за поскапувањето кое е на прагот.

Поврзани вести

Од полноќ нова цена на горивата

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГРЕШИТЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Животот уште посурово ви враќа сè што правите!

Еднаш имаше една слаба старица која, откако ѝ почина саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внукот. Нејзиниот вид и слух се влошуваа секој ден. Понекогаш рацете...

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

13 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладите 35 и 39 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19. Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, а регистрирани се...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...