Остар пад на побарувачката за автомобили во Европската унија

Побарувачката за автомобили во ЕУ нагло опадна во март, како одраз на зголемените проблеми со снабдувањето поради војната во Украина, додека Хрватска забележа многу поблаг пад, според податоците на АЦЕА. Во март во ЕУ се регистрирани 844.187 нови автомобили, за 20,5 отсто помалку од истиот месец минатата година, објави АЦЕА.

Во февруари нивниот број е намален за 6,7 отсто. Побарувачката за автомобили падна во март деветти месец по ред, во услови на континуирани прекини во синџирот на снабдување, влошени со руската инвазија на Украина, што го отежнува производството. Повеќето земји во регионот забележаа двоцифрен пад на продажбата минатиот месец, вклучително и водечките пазари, соопшти АЦЕА.

Во Шпанија и Италија побарувачката е намалена за 30 отсто, во Франција за 20 отсто и во Германија за 17,5 отсто. Според АЦЕА, во март во Хрватска се регистрирани 3.810 нови автомобили, што е за 8,3 отсто помалку од истиот месец лани. Во февруари нивниот број потона за 15,8 отсто.