Остатоци од кашест снег, забрана за товарни возила на патото Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Од превентивни причини  воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на JП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Извор: ТВ21