Остров кој чува мрачна тајна

Островот на змиите не е замислена локација од кошмари или хорор филмови, туку вистинско место кое луѓето навистина го нарекуваат така.

Островот на змиите е локално познат и како Ilha de Queimada Grande и е на околу 30 километри од брегот на Сао Паоло, Бразил.

Од воздух, островот изгледа неверојатно убаво – богат е со зелена вегетација, има возбудлив карпест брег, искапен на сонце и опкружен со кристално чисто море.

Но, идејата за сурферски рај и егзотично место за одмор брзо паѓа во вода – затоа што оствровот не го добило тоа име поради неговата форма, туку затоа што е дом на најсмртоносните змии во светот, од кои таму се буквално илјадници.

Нема место на Земјата каде што концентрацијата на змии отровници е поголема – истакнуваат научниците.

Бидејќи површината на островот е само 0,45 квадратни километри – пресметката е јасна, не само што ќе видите змија таму, туку ќе видите стотици од нив, или по една змија на секој метар земја.

Не е чудно кога велиме дека таму не живеат луѓе, а единствен доказ за човечкото постоење е светилникот изграден за да се избегнат бродоломи. Некој морал да изгради светилник и да управува со него, а според научниците од Смитсонијан, во раните 1900-ти, на островот живеел човек задолжен за таа работа.

Според легендата, последниот чувар на светилникот и неговото семејство не преживеале, бидејќи наводно во нивниот дом змии влегле преку отворени прозорци.

Друга страшна приказна е за рибар чиј брод се насука на брегот на островот. Додека се обидувал да собере банани, змии скокнале од дрво. При обидот да побегне до брегот, тој наводно бил каснат повеќе од десетина пати.

Златните змии, чиј отров го раствора месото, останале заробени на островот кога нивото на морето се подигнало и го одвоило островот од копното.

Природната селекција во контекст на еволуцијата им овозможила на змиите да се прилагодат на нивниот нов дом, имало зголемување на популацијата бидејќи немале природни непријатели, а од друга страна имале грст храна. Нивните омилени птици.

Кога ќе каснат човек, важно е да се знае дека отровот на златната змија буквално го раствора човечкото месо на местото на каснувањето и дека е дури пет пати посилен од отровот на нивниот братучед од копното.

Смртоносниот вид кој локално се нарекува Ilha de Queimada Grande е прилично непознат, а причината лежи во фактот што овој остров е неговиот единствен дом. Таа е во златна боја и има глава во облик на копје. Тоа семејство змии е одговорно за околу 90 од сите смртни случаи од каснување во Бразил.

На пример, ако ве каснат, некаде во континенталниот дел на Бразил, а не го добиете лекот, стапката на смртност е околу 10 проценти. Дури и со противотров, шансите за смрт се околу 3 проценти, а симптомите вклучуваат откажување на бубрезите, крварење во мозокот, крварење во цревата и некроза на мускулното ткиво. Сега замислете што прави пет пати посилниот змиски отров од островот.

„Овие змии се исклучително болна смрт“, објаснува биологот Брајан Фрај, еден од ретките истражувачи кои се осмелиле да го посетат островот. „Во секој случај, ќе умрете врескајќи“, додава Фрај.