Балкан

Осуден за убиство ќе работи како анестезиолог во Бугарија

Осуден за убиство ќе работи како анестезиолог во Бугарија

Поради недостиг на кадар, управител на болница во бугарскиот град Дупница бара државата да му даде дозвола на доктор да работи како анестезиолог, и покрај тоа што тој е осуден за убиство и во моментов издржува казна затвор.

Барањето е проследено до директорот на затворот, но и натаму се прегледуваат условите дали е можен ваков преседан.

Пред повеќе од 10 години, д-р Николај Карастојанов заедно со неговиот брат и татко се скарале со дечкото на неговата ќерка Николај Радев. Радев бил прободен и подоцна починал. За убиството се осудени сите тројца од семејството Карастојанов, меѓу кои и Николај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни