Никола Војминоски, осудениот на 13 години и 6 месеци затворска казна, за настанот на „27 април“ врз нападот над пратеникот Зијадин Села, кој се наоѓање во куќен притвир не бил пронајден дома по контролата на полицијата, односно обвинетиот не се придржувал до определената мерка. Ова го соопшти Основниот Суд Скопје, по бројните реакции и прашања.
„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со обвинетиот Н.В. осуден со неправосилна пресуда во предметот со К.бр 1893/17, ја информираме јавноста дека надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена на обвинетиот со решение на судот во мај 2018 година, а продолжена до правосилноста на пресудата, во јули 2018 година, при изрекување на првостепената пресуда, а по предлог на надлежниот Јавен обвинител , го извести судот дека обвинетиот не се придржувал до определената мерка.
По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.“
