Нови протести избувнаа низ цела Србија поради апсењето на осум студенти. Властите тврдат дека уапсените студенти планирале и подготвувале напади врз државни институции, блокади на патиштата, уривање на градилиштето Експо и други видови насилство со цел предизвикување хаос во земјата и насилно менување на уставниот поредок.
Српските студенти реагираа на апсењата повикувајќи ги луѓето да се соберат пред Вишото јавно обвинителство во Белград. Во исто време, тие блокираа бројни улици и раскрсници во Белград со контејнери, гуми и огради.
Набрзо им се придружија и колеги од други градови. Блокирани се патиштата во повеќе градови: Шабац, Чачак, Зајечар, Нови Сад, Панчево, Суботица, Ваљево, Ужице, Зрењанин, Рума, Крагуевац…
Осум лица уапсени
Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград соопшти дека уште две лица се уапсени во заедничка акција на полицијата и Безбедносната и информативна агенција (БИА).
Ова значи дека вкупно осум лица се уапсени под сомнение за сторено кривично дело Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија.
„Постојат основани сомневања дека на 20 јуни 2025 година, во просториите на Електротехничкиот факултет и на 21 јуни 2025 година, во просториите на Градежниот факултет во Белград, горенаведените осомничени, меѓу другото, планирале и подготвиле напад врз државните институции, блокада на патиштата и клучната инфраструктура низ целата земја, со цел насилно менување на државниот поредок“, се вели во соопштението на ВЈТ.
Осомничените се приведени до 48 часа. Тие ќе бидат донесени на сослушување во тој период.
Седиштето на СНС во Нови Сад каменувано
Седум или осум раскрсници во Нови Сад се блокирани.
Н1 известува дека демонстрантите поминале покрај седиштето на СНС. Летале камења. Беше скршено стакло.
