Живот

Откако е во врска со рокер нејзините модни избори се предмет на ИСМЕВАЊЕ – Кортни Кардашијан како бунтовна тинејџерка

Реалити ѕвездата и претприемач Кортни Кардашијан продолжува да ја заинтригира јавноста со својот необичен моден избор и однесување откако се забавува со контроверзниот рокер Тревис Бејкер.

Папараците често ја фотографираат во креации што одговараат на бунтовни тинејџерки, а модните критичари се многу разочарани од нејзиниот изглед во петтата деценија од нејзиниот живот, но на овие трансформации има влијание токму нејзиниот избраник.

Синоќа Кортни и Тревис отидоа на романтична вечера во познатиот ресторан во Њујорк „Zero Bond“, а светската ѕвезда избра целосно црн стајлинг составен од памучен топ, црно здолниште со тантела, длабоки, кожени чизми и многу популарна црна маица.

Тревис, сепак, беше посуптилно облечен, иако неговата професија ќе овозможи поинтригантни комбинации на облека.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни