Македонија

Oткажана претстава во кумановски театар – одговорниот за претставата: тонецот не ја заврши својата работа

Цели 45 минути кумановската публика го чекаше почетокот на претставата „39 скали“, која на крајот беше откажана. Актерите не ги одиграа нивните улоги. Муса Исуфи, кој е одговорен за претставата, вели дека виновен за откажувањето на претставата е тонецот Оливер Илиевски.

ТВ21 го посети кумановскиот театар, каде што работи тонецот Илиевски, за да побара негов став. Тој не сакаше да говори пред камера, туку рече дека синоќа бил на своето работно место, подготвен да ја заврши својата работа како тонец, префрлајќи ја вината на актерите, кои не излегле на сцена. До него имало и друг колега тонец, Аслан Фазлиу. По телефон, Фазлиу ни рече дека тој бил само како помошник. Додава дека бил присутен и подготвен да интервенира, но актерите не сакале тој да работи на претставата, поради недоволното искуство.

Екипата на ТВ21 беше кај директорот на кумановскиот театар, Сашо Тодоровски. Канцеларијата му беше затворена, а тој не беше таму. Телефонски ни рече дека станува збор за недоразбирање меѓу колегите и дека не е во прашање меѓуетнички проблем, додавајќи дека прашањето е решено и дека нема потреба од санкции.

Во меѓувреме од Министерството за култура велат дека за конкретниот случај одговорност ќе бараат од институциите во Куманово.

Утре се очекува средба меѓу директорот на театарот и театарската трупа од претставата „39 скали“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни