Евакуиран аеродромот во Белград, поради патници кои пристигнале од Македонија

Откажани сите летови од белградскиот аеродром! Според информациите на 4NEWS.mj, откажани се сите летови на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Причина за откажувањето на сите летови е, според неофицијални информации, проблем во безбедносната контрола.

Проблемот во безбедносната проверка наводно настанал кога патниците кои пристигнале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел до погрешна капија. Така завршија во транзитната зона каде што не требаше да бидат бидејќи  Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.

Поради оваа причина, во тек е евакуација на сите патници од зградата и сите тие ќе треба уште еднаш да поминат низ безбедносната контрола што веќе ја поминале.

Тоа може да предизвика доцнење и забавување на воздушниот сообраќај од белградскиот аеродром.