Министерот за странски инвестиции, Аднан Ќахил, самиот пријави рекет врз него, но не се појави на првото рочиште за овој случај, кое беше откажано во Кривичен суд. Министерот Ќахил минатата недела го известил Судскиот совет дека од објективни причини нема да присуствува на рочиштето, а неговиот адвокат побара одложување на рочиштето за крајот на јануари.
Министерот без ресор, во август покрена кривична пријава со образложение дека Е.С., А.С. и В.С. го уценувале барајќи му пари за спорно прашање меѓу нив, и според пријавата, трите лица тврдат дека се измамени од министерот Ќахил, а тој пак негира дека имал бизнис врски со нив.
Се вчитува...
