Откриен праисториски кит со четири нозе – еве каде

Египетските научници проучуваат фосил на праисториски кит, кој бил познат како полуводен кит, бидејќи како што се верува живеел и на копно и во море.

Според нив, овој кит има одлики на ловец и тоа го истакнува помеѓу останатите фосили на китови.

„Ова е првпат во историјата на египетската палеонтологија за ‘рбетници, египетски тим да води евиденција за нов род и вид китови со четири нозе“, посочи Хешам Салам, предводник на тимот палеонтолози.

Тој вели дека фосилот на четириножниот праисториски кит е од претходно непознат вид, а се верува дека ова суштество всушност е предок на современиот кит.

Овој кит припаѓа на семејство, сега веќе изумрени полуводни китови, кои живееле во периодот пред 59 до 34 милиони години, а фосилот за прв пат бил пронајден од тим екологисти во 2008 година во западната пустинска област на Египет, за која се вели дека во праисторијата била морска област.

„Ова е уште еден нов вид ран кит од времето кога тие имале четири функционални екстремитети“, вели Џонатан Гајслер, експерт за еволутивна историја на цицачите.

Инаку, најстарите фосилни китови се стари околу 50 милиони години и потекнуваат од подрачјето на денешен Пакистан и Индија, а китот е именуван како Фиомикетус Анубис, односно богот на смртта на Древен Египет.

Според научниците, овој нов вид се истакнува и со издолжен череп, што пак вели дека бил месојад. Тој бил околу три метри долг, а тежок до 600 килограми.