Откриен уникатен израелски софтвер – може да изврши хакерски напад на било кој „Ајфон“

Мониторинг групата за безбедност на интернет – „Ситизен лаб“ објави дека израелска компанија за кибер безбедност „НСО Груп“ развила уникатен софтвер преку кои што може да се изврши хакерски напад на било кој „Ајфон“.

Тие велат дека сознанието за постоење на оваа алатка е важно бидејќи ја открива чувствителноста на сите оперативни системи „ИОС“, „О-ес-икс“, како и „Вач-ОС“, освен оние што биле ажурирани вчера.

Американската компанија „Епл“ потврди дека со обновувањето на софтверот на своите системи, ја елиминирале опасноста од можноста од хакерски упад на уредите.