Свет

Откриена причината за смртта на внукот на Роберт де Ниро

Откриена причината за смртта на внукот на Роберт де Ниро

Откриена е причината за смртта на Леандро де Ниро Родригез, внук на оскаровецот Роберт де Ниро, јавува Си-Ен-Ен.

Неговата смрт е резултат на токсична комбинација на фентанил, бромазолам, алпразолам, 7-аминоклоназепам, кетамин и кокаин, пренесува CNN.

Смртта на 19-годишниот Леандро е прогласена за несреќен случај.

Фентанил е исклучително смртоносен сам по себе, но кај смртните случаи поврзани со дрога, вообичаено е човек да умре со комбинација на повеќе лекови во нивниот систем, според Си-Ен-Ен.

Една жена, Софија Маркс, е уапсена во врска со смртта на тинејџерот. Таа е обвинета дека му продавала дрога, пренесува CNN повикувајќи се на полициски извор.

Актерката Дрина де Ниро, ќерка на Роберт де Ниро, на Инстаграм објави за смртта на нејзиниот син.

„Ти беше радоста на моето срце и се што беше чисто и реално во мојот живот. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта што ме натера да се чувствувам како твоја мајка. Беше сакана и ценета и посакувам таа љубов да можеше да те спаси“, напиша таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни