Јапонските научници открија нов вид на орхидеи, чии нежни розови и бели цветови изгледаат како стакло.
И покрај неговото присуство во парковите и градините низ Јапонија, на истражувачите од Универзитетот Коби им требаа десет години да потврдат дека растението (spiranthes hachijoensis), понекогаш наречено „женска плетенка“ поради сличноста со прамени коса, е претходно непознат вид.
„Беше изненадување да се открие нов вид на орхидеи, кој е толку вообичаен што може да се види во парковите, градините и меѓу саксиите со цвеќиња“, вели истражувачот Кенџи Суетсугу.
Според него, растението има нежни цветови кои наликуваат на стаклени предмети и одамна е ценет цвет.
Растението со своите спирални цветови се споменува дури и во најстарата јапонска антологија на песни „Манџошу“, која датира од осмиот век.