Откриено е што шокираниот Алек Болдвин повторувал по несреќата на сетот

Алек Болдвин по несреќата на снимањето бил надвор од себе, покажа извештајот на американските медиуми.

Постојано го повторуваше истото прашање – зошто му ставиле наполнет пиштол во рацете.

„Во сите овие години што работев, никогаш не ми дадоа наполнет пиштол“, наводно повторувал уништениот актер неколку пати по несреќата во која загина снимателката Халина Хачинс.

Според извештаите, Болдвин не знаел дека има куршум во пиштолот.