ФБИ денеска објави фотографии од лице за кое се сомнева дека е поврзано со убиството на Чарли Кирк. Она што на многумина им го привлече вниманието е маицата што овој маж ја носел.
Според ФБИ, маицата што „лицето од интерес“ ја носело тој ден најверојатно потекнува од здружението на ветерани „Национална фондација за инвалидни ветерани“ (DVNF).
Фондацијата за „Гардијан“ потврдила дека маицата, со слика од орел преку американското знаме и натписите „Land of the Free“ и „Home of the Brave“, преземени од последниот стих на американската национална химна, била испратена како подарок на потенцијални поддржувачи на DVNF пред неколку години. Фондацијата додала дека „никогаш не ја продавала оваа маица и дека таа моментално не е достапна за дистрибуција“.
Сепак, маицата е достапна за купување на eBay, во варијанти со долги или кратки ракави. На фотографиите изгледа како мажот да носел варијанта со долги ракави, но, бидејќи снимката е заматена, не може со сигурност да се утврди дали под неа носел и друга маица со долги ракави.
Многумина коментираат дека е многу чудно што осомничениот облекол толку лесно препознатлива маица, па се поставува прашањето дали со тоа сакал да испрати некаква порака.