Отпочна кампања за заштита од поплави во Општина Бутел

Во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, одржаа прес конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени,,.

Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филмови за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на Општина Бутел.

Се вчитува...

Грдаоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во Општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние возрасните и институциите треба да направиме се што можеме до поплава да не дојде.

Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од Општина Бутел.

Извор: ТВ21