Македонија

Оценување на децата со пречки во развој – 250 деца се оценети во Центарот за функционално оценување

Новиот закон за основно образование предвидува децата со посебни потреби да бидат ученици во редовните училишта и да се двојат одејќи во специјални училишта само за нив.  Нивна функционална оценка претходно прави Центарот за функционално оценување и поддршка за децата и младите, кој е прв од ваков вид во земјава. До сега околу 250 деца поминале низ вакво оценување, а потоа истите се вклучуваат во други образовни институции, вели министерката за труд и социјална политика.

Претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс вели дека за перипетиите со кои се соочувале родителите на децата со посебни потреби, талкајќи низ институциите за да добијат услуги и негативни разговори со лекарите за тоа дека нивното дете е ограничено во својот живот. Новиот центар ја менува ваквата состојба, вели тој.

За функционирање на целиот процес во овој центар, соработуваат Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и Министерството за здравство. Освен професионалната поддршка од УНИЦЕФ, Центарот доби финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство. Според новиот закон за основно образование, вклучувањето на децата со пречки во развојот во редовните училишта ќе започне да се спроведува од учебната 2022/2023.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни