Отстранет кампот „Македонија блокира“, имавме дозвола да бидеме таму, велат демонстрантите

Град Скопје го отстрани кампот на граѓанската иницијава „Македонија блокира“ кој беше поставен кај паркот спроти Собранието. Од ова движење велат дека кампот бил легално поставен. Револтираните демонстранти велат дека со ова е прекршено нивното право за протест и дека поседувале дозвола за да „кампуваат“ во паркот.

Тие исто така обвинија дека во кампот имале документи кои ги собирале со години, кои како што рекоа, власта се обидела да ги уништи. На оваа снимка може да се види демонстрант качен на камион во потрага по фрлените документи.

Се вчитува...

Од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, велат дека само ја извршиле нивната должност – да го исчистат просторот од отпад.

“По редовните комунални активности на градот, во паркот Жена борец е затекнат лом, шут, предмети, кои што не припаѓаат никому. Според Законот за комунален ред ние имаме обврска парковите и зелените површини да ги држиме чисти и уредни. Со оглед на тоа што никој од нас не побарал дозвола да го користи паркот, а го користи веќе неколку месеци, вчера Град Скопје заедно со другите институции меѓу кои главните се МВР, ги отстранивме не луѓето туку предметите што ги најдовме во паркот. Луѓе таму немаше.”, велат од Град Скопје.

Демонстрантите велат дека и покрај притисокот со кој се соочуваат, ќе продолжат да протестираат и да го искажуваат нивниот револт. „Македонија блокира“ најави протести и низ други градови во Македонија.

Репортер: Арменд Гаши

Извор: ТВ21