Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција истакна дека отворен е јавниот повик за општините за инфраструктурни проекти.
Како што порача, за оваа цел наменети се 250 милиони евра, а право за поднесување имаат општините, општините во Град Скопје и Градот Скопје.
„Испраќам апел што е можно повеќе општини независно од политичката провиненција на градоначалниците да учествуваат во овој повик. Ние сме Влада на сите граѓани, и нашата цел е да се подобри животот на сите граѓани“, порача Мицкоски.
Мицкоски вели дека во минатото се правеле вакви проекти во Градот Скопје, но не во сите општини во толкав обем како што е замислата на овие 250 милиони евра.
„До крајот на годината, со овој повик се ставаат во употреба 6 милијарди денари и ова е првата фаза од вкупно 15 милијарди денари за капитални проекти. Одблиску ќе ја следам реализацијата на проектите, а процесот ќе биде целосно транспарентен и на увид на граѓаните“, додаде Мицкоски.
По Мицкоски, на прес конференција се обрати и Министерот за локална самоуправа Златко Перински кој го објасни начинот и роковите за пријавување на општините за инфраструктурни проекти.
„Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патна инфраструктура, како и од областа на социјална политика и образованието. Рокот за пополнување на формулар е седум дена, и истиот пополнет со проекти од страна на општината треба да се достави до Министерството за локална самоуправа. Потоа во рок од 10 дена целосната документација од страна на општините се доставува до ресорното министерство од областа на проектот каде ќе се врши евалуација на истиот. Евалуацијата се очекува да заврши во период не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства подготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница“, вели Перински.
Како што додава, средствата ќе се доделат преку шест ресорни министерства.
„За следење на целиот процес формирано е владино координативно тело кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни м