ОВА Е НАЈДОБРИОТ ДАТУМ И МЕСЕЦ ЗА СВАДБИ ВО 2022 ГОДИНА: Магичен ден кога сите соништа се остваруваат!

Кога планираат големи настани во животот, многу луѓе прибегнуваат кон астрологијата со надеж дека на тој начин ќе избегнат потенцијални проблеми. Имено, астролозите предвидуваат разни работи, а меѓу нив е најдоброто време за свадба.

Ако сами го планирате тоа во годините што следат, можеби (за забава или сериозно) ќе ве интересира дали сте избрале добар месец, па дури и точниот датум за венчавката, според астролозите.

А астролозите велат дека најдобар месец за свадби во 2022 година е април. Што се однесува до конкретниот датум, најдобар е 30 април!

На тој ден Венера и Јупитер ќе се спојат во Риби, нагласувајќи ја љубовта, единството и растот, а за тоа време ќе се случи првото затемнување во 2022 година во знакот Бик. Бидејќи Бикот е знак со кој владее Венера, акцентот на Венера ќе биде посебен во овој период.

Бидејќи Венера е планета на партнерството, астролозите веруваат дека нема подобар датум од 30 април за овој голем чекор во врската. Поради сите случувања, тој ден ќе има голем оптимизам во воздухот, што ќе се погрижи се да функционира и да е како остварување на сонот.